
Почитувани елитисти од власта, сите економски показатели ве демантираат во секој поглед. Земјоделците и Македонскиот аграр го допреа дното а државата стана увозно зависна од храна, порача во саботата Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ/
„Уште еднаш во интерес на вистината интервентниот фонд го немавте предложено во предлог буџетот и на предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ амандмански стана составен дел од буџетот.
Ако навистина сакавте да им помогнете на земјоделците и државата требаше до сега да го распределите слободното државни земјоделско земјиште за да се стигне за пролетната сеидба за да произведеме доволно храна, и под итно да ги исплатите субвенциите во целост за сите земјоделци“, објави на социјалните мрежи Трипуновски како реакција на тврдењата на владејачката СДСМ.