
Екипата на Тотенхем успеа да ја совлада Астон Вила на гостувањето во Бирмингем во рамките на 32. коло од Премиер лигата со убедливи 0:4.
По поразот на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Тотенхем дојде до мошне важна победа која би можела да значи многу во борбата за Лигата на шампионите.
Веќе во третата минута од мечот Тотенхем дојде до предност. Сон ја докажа фантастичната форма откако беше стрелец по одличната реакција, откако најпрво Кејн шутираше, а потоа топката се одби до корејскиот фудбалер кој со одличен удар ја погоди прежата.
Тотенхем со сигурна игра ја одржуваше предноста, а потоа во 50-тата минута беше виден и вториот гол во мрежата на Астон Вила.
Тогаш Хари Кејн го проигра Кулушевски на левата страна, а Швеѓанецот успеа со фантастичен удар со левата нога да го погоди самиот агол за 2:0.
Дека денес е негов ден, Сон потврди во 66. минута. Длабочинска топка за Кејн кој минимално ја пренасочи истата која беше идеална за брзиот Кореец кој успешно стрелаше за 0:3.
Тоа не беше се од него, во 71. минута Кулушевски одново се најде во главната улога откако испрати употреблива топка за Сон кој го комплетира хет-трикот за конечни 0:4.
Со оваа победа Тотенхем има 57 бода и е на четвртата позиција на табелата по 31 одигран натпревар, додека Астон Вила е 12-та со 36 бода.