Ла Лига: Барселона во судиското продолжение до бодовите кај Леванте

Фудбалерите на Барселона во последниот неделен дуел од 31-то коло на шпанското првенство од Валенсија се враќаат со три бода, откако со 3:2 го совладаа претпоследниот Леванте со гол во судиското продолжение на мечот.

Сето вузбудливо во овој натпревар се случи во второто полувреме, кога беа постигнати сите пет голови и досудени дури три пенала., и сите за Леванте. Домашните реализираа два во 52 минута преку Хозе Луис Моралес и во 83 минута преку Гонзало Мелеро но во 56 минута при резултат 1:0 промаши Рожер Марти.

Барселона успеа брзопотезно да направи резултатски пресврт на 2:1, преку Пјер-Емерик Обамејанг во 59 и Педри во 63 минута. Сепак во 83 минута Ленгле направи непромислен прекршок во својот шеснаесетник па Малеро израмни на 2:2. Но, драмата не заврши тука, а Барса го имаше последниот збор. Во втората минута од судиското продолжение од мечот Жорди Алба убави нафрли, а Лук де Јонга со глава погоди за победа на Каталонците.

Со оваа победа Барселона повторно дојде на второто место на табелата со 60 бодови, колку што има и третопласираната Севилја а четвртиот Атлетико Мадрид има три бода помалку, но Каталонците имаа натпревар помалку. Во сигурно водство е Реал Мадрид со 72 бодови. Леванте остана претпоследен 19-ти со 22 бодови, седум помалку од зоната на опстанок.

Со голот на Ву Леи во 89 минута Еспањол на својот терен ја совлада Селта Виго. Еспањол така сега е 11-ти со 39 бодови, три повеќе од 12-та Селта.

Елче на домашен терен поведе со 1:0 со голот на Гвидо Кариљо уште во 3 минута, но до крајот на првиот дел гостите од Сан Себастијан го направија резултатскиот пресврт преку Александер Серлот 31 и Робин Ле Номанд во 39 минута.

Реал Сосиедад сега има 54 бодови и е шестопласиран од каде оди во Европската конференциска лига, со два бода помалку од петтиот Реал Бетис кој моментално е пласиран за Лига Европа. Елче остана 15-ти со 32 бодови, четири над зоната на испаѓање.

Осасуна, слично како и Барса, со голот во втората минута од судиското продолжение на натпреварот кој го постигна хрватскиот напаѓач Антер Будимир на домашен терен го совлада Алавес.

Осасуна сега е 10-та со 41 бод, колку што има и деветтата Валенсија, а Алавес е последен 20-ти со 22 бодови.