
Соединетите држави се обврзале да ја снабдат Украина со „оружје коешто ѝ е потребно“ во војната против Русија, изјави во неделата американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, додека Киев бара поголема воена помош од Западот.
Саливан изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе ѝ испрати повеќе оружје во Украина за да се спречи Русија да заземе уште поголема територија и да се заштитат цивилите од нападите, кои Вашингтон ги смета воени злосторства.
„Ќе ѝ доставиме на Украина оружје коешто ѝ е потребно за да може да се бори против Русите, да ги спречи да заземат уште градови и места каде што правата такви злосторства“, изјави Саливан за утринската емисија „This Week“ на американската телевизиска мрежа ABC News.
Русија ги отфрли обвинувањата од Украина, како и од некои западни земји, за наводни воени злосторства и порача дека ги документира сите масовни убиства извршени од украинските сили изминатите години во нападите на самопрогласените проруски региони во Луганск и Доњецк.
Саливан, исто така, во текот на гостувањето во емисијата „Meet the Press“ на телевизијата NBC News рече дека САД „работеле 24 часа дневно за да се испорача оружјето … како и на организирање и координација на испораките на оружје од многу други земји“.
„Оружјето пристигнува (во Украина)…, вклучително и денеска“, истакна Саливан.
Белата куќа соопшти во петокот дека САД само од 24-ти февруари од почетокот на руската офанзива, на Украина ѝ испратиле воена помош во вредност од 1,7 милијарди долари.