
Бугарската Влада минатата недела го раскина Договорот помеѓу Бугарија и Русија за меѓусебна заштита на класифицирани информации, јави дописникот на МИА од Софија.
Русија треба и официјално да биде известена за прекин на Договорот во рок од 15 дена од стапувањето во сила на одлуката на бугарската Влада.
Договорот е потпишан во 2007 година и ја регулира размената на доверливи информации со ознаки „доверливо“, „за службена употреба“ и „тајна“ во борбата против тероризмот.