
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во понеделникот ѝ порача на Европската унија дека сегашните и идните санкции против Русија може да го создадат еден од најголемите шокови на пазарите на нафта, како и дека картелот не може да ги замени руските количества и дека нема да го зголеми своето производство.
Во периодот кога Брисел планира нови санкции против рускиот енергетски сектор, функционерите на ЕУ во Виена одржаа состанок со претставниците на OPEC по повиците на Западот предводен од САД до оваа организација од 13 држави да го зголеми производството.
„Би можело да дојде до губење од 7 милиони барели руска нафта и други енергенси на дневно ниво, поради моменталните и идните санкции и други акции“, изјави генералниот секретар OPEC, Мохамад Баркиндо од Нигерија.
Земајќи ја предвид моменталната ситуација во секторот, продолжи Баркиндо, „би било речиси невозможно да се замени губењето на количеството на таа магнитуда“.
ЕУ повтордно ги повикува државите од OPEC да го разгледа зголемувањето на производството за да се ублажи растот на цените на светските пазари, рекол неименуван претставник на Европската комисија за Reuters.
Претставниците на ЕУ на OPEC му истакнале дека картелот „има одговорност да обезбеди рамнотежа“ на пазарите на енергенси, рекол неименуваниот претставник на Комисијата.
OPEC досега ги одби повиците на САД и Меѓународната агенција за енергија (IAE) да го зголеми своето производство за да се заменат планираните санкционирани руски барели и да се ублажи растот на цените кои во март беа на највисоките нивоа во последните 14 години.
ЕУ смета дека OPEC може да ја зголеми производството од резервните капацитети, стои наведува во документот на нафтениот картел кој бил на увид на Reuters.
Баркиндо рекол дека моменталната нестабилност на пазарите е последица од „нефундаменталните фактори“ кои се надвор од контролата на OPEC, сигнализирајќи дека државите нема да ги зголемата своите производства.
Моментални членки на OPEC се Алжир, Ангола, Венецуела, Габон, Екваторијална Гвинеја, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Иран, Ирак, Конго, Кувајт, Нигерија и Саудиска Арабија. Тие имаат соработка во ткн групација OPEC+, проширен формат со десет земји предводени од Русија, и во мај ќе го зголемат производството за 432.000 барели во рамките на планираното постепени напуштање на кастрењата во производството воведено во текот на пандемијата на коронавирусот.