
Премиерот Димитар Ковачевски доцна синоќа бил примен на инфективната клиника во Скопје.
„Премиерот вчера беше примен на Инфективната клиника со болки во стомакот од веројатно труење со храна. Пружена му е целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е испуштен во сосема добра здравствена состојба“, изјави портпаролот на Владата Душко Аросвски.