
За време на редовната летачка обука на припадниците на бригадата на воздухопловните сили и воздушната одбрана на вооружените сили на Босна и Херцеговина, на полигонот кај Високо, денеска околу 11:30 часот дошло до превртување на хеликоптерот при што паднал на земја.
Се работи за хеликоптер Bell Huey II со четворица членови на екипажот, од кои никој не е повреден. Има видливи оштетувања на хеликоптерот.
Надлежните служби на вооружените сили на БиХ во моментов спроведуваат истрага за причините за превртувањето на леталото.