
Линеарно зголемување на сите плати во јавниот и приватниот сектор од најмалку 2.806 денари во нето-износ ќе биде главното барање на Сојузот на синдикатите на претстојниот Првомајски протст.
Синдикалните активисти протестот на 1 мај ќе го почнат пред зградата на Синдикатот по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.
„Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за креирање нови визии и перспективи. Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците“, се наведува во прогласот што денеска го објави ССМ.
Оттаму ги повикуваат сите работници и синдикати да се приклучат на протестот.