
Телата на повеќе од 1.500 руски војници се наводно пронајдени во украинскиот град Днипро на југоистокот од Икраина, соопштија украинските функционери.
Телата се пренесени во четири различни мртовечници, изјави заменикот на градоначалникот на овој индустриско град, Михаил Лисенко. Цинчно ги повикува мајките на руските војници да дојдат по своите загинати синови.
„Не сакам да ги закопаме во масовни гробници. Не сакам да ги кремираме. Не сме ѕверови“, изјавил Лисенко.
Германската агенција DPA, која ја пренесе информацијата, истакнува дека наведените податоци не можеле да се проверат од независни извори.
Москва засега не рагираше на оваа информација, но во минатото предупреди дека украинските сили ги егзекутираат заробените руски војници, како и дека документира случаи на злоставување, монструозни сакатења и изживување со руските војници во украинско зарбоништво.
Според податоците на Киев, околу 20.000 руски војници се убиени од почетокот на руската офанзива на 24-ти февраури. Западни извори се сомневаат во оваа бројка, но велат дека руските загуби се големи. Москва, пак, минатата седмица изјави дека загубите се големи без да прецизира, а по еден месец од почетокот од операцијата објави дека загинале 1.351 руски војник, со своја процена дека во истиот период се убиени околу 16.000 украински војници.
Интерсно е што во досегашниот тек од украинската војна никогаш градот Днипро никогаш не беше споменат како место во кое продреле руските сили. Минатата седмица руското министерство за одбрана објави дека руските сили извршиле во неделата напади со крстосувачки ракети со коишто е целосно уништен аеродромот во источниот украински град Днипро, штаб на истоимениот злогласен баталјон на крајнодесничарските сили кој бил засилен со странски платеници, како и противвоздушен ракетен систем С-300 на украинските сили.
Валентин Резниченко, назначениот од Киев гувернер на украинскиот источен регион Днепропетровск, кој се наоѓа во доминатно руската и рускојазина област Луганск, тогаш изјави дека службите за итна помош трагаат по евентуални жртви во погодениот објект во селото Звоњецко, и додаде дека за жртвите подоцна ќе извести. Гувернерот преку каналот Telegram изјави дека бил нападнат и аеродромот во градот Днипро. Тој претходно рече дека во нападот на Днипро едно лице било ранети, како и дека ракетите предизвикале пожар кој е изгаснат. Додал и дека проектил погодил зграда во округот Павлоград.
Серхиј Гајдај, именуван на гувернер на регионот Луганск, односно делот кој сѐ уште е под конртола на Киев, исто така на социјалните мрежи објави дека наводно било погодено училиште и висока станбена зграда но дека „за среќа, нема жртви“. Агенцијата Reuters пишува дека не успеала да ја потврди информација од независни извори.