Во Шпанија уништена најголемата европска плантажа за марихуана

Шпанските власти соопштија дека уништиле 415.000 стебла марихуана во вредност од речиси 100 милиони евра, истакнувајќи дека станува збор за најголемата плантажа на марихуана во Европа.

Речиси 50 тони од растението се сушеле во складиштата за преработка во CBD, спој кој сѐ повеќе се користи за лекување на анксиозност, несоница и други болести, бидејќи не е психоактивен.

Плантажата, којашто се наоѓа во руралниот северен регион Навара, се протегала на 11 полиња со вкупна површина од 67 хектари, соопшти шпанската Цивилна гарда.

Во рамкита на операцијата упасени се три лица. Операцијата започнала кон средината на 2021 година, кога полицијата открила едно од полињата. Цивилната гарда соопшти дека сопственикот на плантажата прво тврдел дека води легална дејност за производство на марихуана за индистриски цели, но подоцна било утврдено дека планирал извоз на големи количества од растенијата во Италија и Швајцарија поради производство на CBD.

Продажбата на CBD и неговата користење се легални во Шпанија и поголемиот дел од Европа, но шпанскиот закон забранува одгледување на марихуаната освен за индустриско користење, како што е текстилната индустрија и семето. Одгледувањето поради производство на CBD и други деривати е кривично дело.