
Војната во Украина ја предизвика „бурата на сите бури“ во сферите на храната, енергетиката и финасиите, којашто сега се заканува да предизвика пустош, особено во економиите на сиромашните земји, изјави во средата по локално време во Њујорк генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерш.
Гутереш зборуваше на претставувањето на првиот извештај на новоформираната Група за одговор на глобалната криза со храната, енергенсите и финансиите, основани во деновите на украинската војна за да се занимава токму со овие заканувчки итни ситуации.
„Влијанието на војната е глобално и системско. Дури 1,7 милијарди луѓе, од кои третина веќе живеат во сиромаштија, сега се многу изложени на нарушувања во системите за обезбедување храна, енергенси и финансии коишто предизвикуваат зголемување на гладот и сиромаштијата“, предупреди челникот на светската организација.
Гутереш, исто така, го наведе фатот дека 36 држави во светот ја увезуваат повеќе од половината од пченицата од Русија и од Украина. Рече и дека растот на цените на храната и енергенсите, со сѐ поголеми долгови на многу сиромашни земји, може да предизвика и социјална и политичка нестабилност.
„Нашиот свет тоа не може да си го дозволи. Мораме да дејствуваме веднаш“, порача Гутереш.
Повика на итно запирање на војната во Украина, укинување на изозните ограничувања, вложување во обновливите извори на енергија и финансиска поддршка на земјите во развој.