
Министерот за здравство, Беким Сали вечерва истакна дека во третманот на сега починатиот ракометар Денис Тот, било постапено професионално, пренесе ТВ21.
Во однос на извештајот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со приемот и реанимацијата на ракометарот Денис Тот на КАРИЛ, министерот информира дека здравствените институции постапиле професионално во третирањето.
-Во делот на судска медицина се уште чекаме извештај да ни стигне за да видиме дали се согласуваат, вели Сали.