
Началникот на руските сили за радијациска, хемиска и биолошка одбрана, Игор Кирилов, во четвртокот ги објави имаињата на американските и европските соработници на Украинскиот научно-технолошки центар (УНТЦ), кој се занимавал со истражувања во полза на американската воено-биолошка програма.
„Ќе ги дадам имињата на челните лица коишто биле вклучени во спроведувањето на воено-биолошките програми. Функцијата извршен директор на УНТЦ ја извршувал американскиот државјанин Кертис Белајач, роден на 27-ми август 1968 година во Калифорнија, студирал на калифорнискиот универзитет Андерсон. Има магистерски степен по меѓународни финансии и работи во Украина од 1994 година“, рече Кирилов.
Додаде дека претседател на управниот одбор на УНТЦ од Европската унија, бил Еди Артур Мајер, а од САД ценарот го надгледувал Фил Долиф, кој ја извршувал функцијата заменик-советник на секретарот за меѓународна безбедност и програмата за неширење на оружја за масовно уништивање во Стејт департментот.
Генералот Кирилов истакна дека документите кои ги добило руското министерство за одбрана ја потврдуваат поврзаноста на УНТЦ со американскиот воен ресор преку американскиот подизведувач, компанијата „Black & Veatch“.
Конкретно, според Кирилов, руската одбрана поседува кореспонденција на потпретседателот на спомнатата американска компанија Метју Вебер, во којашто тој ја изразува својата подготвеност да соработува со УНТЦ во рамките на тековните воено-биолошки истражувања на територијата на Украина.
„Во периодот од 2014 и 2022 година, УНЦТ во постсосветските земји, Украина, Грузија, Молдавија и Азербејџан, спровел повеќе од петстотини истражувачки проекти“, додаде Кирилов.
Според него, САД последните години потрошиле повеќе од 350 милиони долари за функционирањето на УНТЦ, којшто според документацијата за неговиот статут, работи како меѓународна меѓувладина организација и, на прв поглед, нема никаква врска со Пентагон. Правниот статус на УНТЦ, инаку, бил определе со договор од 25-ти октомври 1993 година, меѓу владите на Украина, Канада, САД и Шведска.
„Истовремено, Експертскиот центар за хемиски и биолочки закани на руското министерство за одбрана утврди дека главната активност на УНТЦ била да дејствува како дистрибутивен центар за грантови за спроведување истражувања во интерес на Пентагон, вклучително и во областа на биолошкото оружје“, рече Кирилов.
Како нарачатели и спонзори на УНТЦ од американска страна се Стејт департментот и Пентагон, а финансирањето исто така одело и преку американската агенција за заштита на животната средина, министерствот за земјоделство, здравство и енергетика, според истиот извор. Седиштето на Центарот е во Киев, а има и регионални канцеларии во Баку, Кишињев и Тбилиси, како и во Харков и Лвов на украинска територија.
Како што претходно објавуваше руското министерств за одбрана, спонзорираните од САД биолошки лаборатории во Украина учествувале во програмите во кои особено биле истражувани патогенитена чума и антракс, како и нивното пренесување преку птици преселници и животни кои преминуваат од држава во држава во овој регион. Мрежата се состоела од повеќе од 30 институции кои работеле за Пентагон, а по почетокот на руската офанзива во Украина од земјата е изнесенувано сѐ што е поврзано со оваа американска програма, а документацијата е добиена од украински вработени во тие биолаборатории.