Спречен план за грабнување на германски министер и за оставање на земјата без струја

Германската полиција привела четворица германски државјани под сомневање дека планирале да го грабнат германскиот министер за здравство Карл Лаутербах и да ја уништат електроенергетската инфраструктура за земјата да остане без струја.

„Се верува дека двајца од главните сомнителни договориле со другите да го нападнат сојузниот министер за здравје“, изјави во четвртокот порптаролот на обвинителството за Кобленц, потврдувајќи го извештајот на германската јавна телевизија ARD.

Сомнителните приведени оваа седмица биле поврзани со групите кои протестираа против пандемиските рестрикции и со крајно десното движење „Граѓани на Рајхот“ (Reichsbuerger), кои не ја признаваат Германија во сегашната форма но директно властите не ги вбројуваат во екстремната десница, соопшти обвинителството.

Планираното грабнување на министерот Лаутербах е последниот во низата инциденти кои илустрираат гнев на дел од Германците поради рестрикциите наметнати на невакцинираните против коронавирусот и предлогот дека вакцинирањето да биде задолжително за сите.

Германската полиција во декември спречи план на антиквактерски активисти да го убијат премиерот на сојузната покраина Саксонија.

Сомнителните во овој случај комуницирале во групата „Обединети патриоти“ (Vereinte Patriote) и „имале намера да предизвикаат услови како во граѓанска војна, и на крајот да го урнат демократскиот систем во Германија“, според обвинителството.

Германските безбедносни служби во средата извеле рации и претреси на 20 локации во неколку германски сојузни покраина и заплениле оружје, готовина во евра и странска валута, како и златни плочки и сребрени монети. Пронајдени се и фалсификувани потврди за вакцинираност и ковид-тестови.

Обвинителстите побарале од судијата да издаде налози за апсење на четворицата притворени сомнителни, додека петтото лице сѐ уште е на слобода.