
Ѕвездата на холивудски акциони филмови Стивен Сегал наводно присуствувал на вечера одржана во негова чест во еден ресторан во Москва во неделата, на 10 април. Според пишувањето на „Тајм“, на споменатиот настан биле рускиот телевизиски водител Владимир Соловјов и руската новинарка Маргарита Симонјан биле присутни на настанот, а двајцата се ставени на листата за санкциите на ЕУ како одговор на нападот на Владимир Путин врз Украина.
Во видеото кое кружи на Твитер, Сигал, кој претходно го нарече Путин „еден од најголемите светски лидери“, се слуша како сите во просторијата ги нарекува своето семејство и пријатели.
Со преведувач до себе, Сигал на англиски додал: „Ве сакам сите и се држиме заедно, дури и кога е густо“.
Actor Steven #Seagal celebrates his birthday with #Russian propagandists Vladimir #Solovyov and Tigran #Keosayan. pic.twitter.com/oUBWBJUwa1
— NEXTA (@nexta_tv) April 12, 2022
Меѓутоа, иако не е јасно дали видеото е направено оваа година, „Индeпендент“ продолжува да пишува дека „Пофалбите на Сигал за Путин пристигнуваат кога руската инвазија на Украина ќе влезе во шестата недела“.
Да потсетиме, актерот во март за „Fox News Digital“ изјави дека и Русија и Украина ги гледа како едно семејство.
„Верувам дека ова е надворешен субјект кој троши огромни пари на пропаганда за да ги испровоцира двете земји да бидат во конфликт меѓу себе“, рече Сигал во тоа време, когo Русија во 2018 година го назначи за специјален пратеник за подобрување на врските со САД.