Азески бара владата да не наметнува нови даноци и давачки за бизнисите

Стопанската комора цени дека би било добро да се разгледа можноста и да се обврзе владата до крајот на годината да не воведува нови даноци или други давачки за приватниот сектор. Сите знаеме дека тоа во вакви услови е тешко, но мислиме дека е единствено решение, изјави денеска Бранко Азаски, престседател на Стопанската комора по посетата на компаниите „Гранд- експорт“, „Пекабеско“ и  „Кадино“.

Азески , како што рече, смета дека ова решение е предвидливо  го темели на состојбата во која се моментално компаниите.

– Имаме драстичен раст на цените, а некаде и недостиг од суровини неопходни за производство, што е проблем во глобални рамки и е незивесен. Тоа може да доведе до нарушување на ликвидноста на компаниите, а затворање на капацитетите и отпуштање на вработените. За компаниите членки на комората, независно од кој регион или од кое здружение произлегуваат, дефинитивно најголем проблем е скапата струја, која се набавува на слободниот пазар по берзански цени, поради кои сметките им се зголемени за три пати – рече Азески

Според него, за компаниите се проблематични и договорите за јавни набавки, потоа измените на законите како и инфлацијата.

– Договорите за јавни набавки кај компаниите од различни сектори склучени на подолг рок со фиксни цени доведува до проблеми во реализацијата на веќе склучените договори, но и неучество на новите. Пакетот на закони со кои се настојуваше да се зголемат работничките права и со тоа да се мотивираат вработените полека како да се претвора во кочница на работењето на компаниите, кои и онака се во исклучително тешка ситуација.Максимално внимание на надлежните институции околу прашањето за инфлацијата која може во ваквата ситуација да направи најмногу штета – рече тој.

Азески вели дека во вакви услови е мошне важно да се помогнат компаниите за да останат ликвидни.

-Исклучително е значајно да се напомене дека во секојдневната комуникација со компаниите, преовладува нивното инсистирање дека е момент во којшто треба да им се помогне, но треба да се помогне и на државата, која исто така се судрува со проблеми. Токму затоа се бара засилување на јавно-приватниот дијалог, избегнување на носење закони по скратена постапка – рече тој.

Претседателот на стопансакта комора од името на компаниите упати и порака до владата.

-Владата да направи максимални напори да обезбеди енергенси во доволна количина, по секоја цена за да не запре производството, да направи максимални напори за стабилизирање на цените на домашниот пазар бидејќи потрошувачката е исклучително важна, но и сузбивањето на сивата економија и да направи максимални напорти да ја одржи ликвидноста на целата економија. Владата мора, врз основа сознанијата на реалниот сектор т.е. на капиталот, да издвои приоритети во и онака скромната  акумулација за интервенции на краток рок. Тоа значи да се држат потиснати на страна инфлаторните очекувања, а средствата да се насочат не хоризонтално, туку вертикално. И ние како и владата сметаме дека треба да се таргетира помош за ранливите категории, но не за секој и секого како досега – рече Азески.

Тој додаде дека Стопанската комора продолжува да ја следи ситуацијата на терен меѓу оние кои го создаваат доходот затоа што тие се во моментов најреални податоци врз кои може да се гради економска политика во вакви услови.

КОИ СЕ КОМПАНИИТЕ КОИ ГИ ПОСЕТИ АЗЕСКИ ДЕНЕСКА?

„Гранд -експорт“ („Grand Foods Corporation“) е целосно македонска инвестиција во прехранбената индустрија која започна со работа во ноември 2015 година. Специјализирана е за производство на кроасани и колачи. Компанијате е формирана од страна на професионалци со истакнато искуство и знаење присутни во продажно-дистрибутивните канали на македонскиот пазар цели 30 години.

Во фабриката се инсталирани машини, опрема и технологија од најновата генерација на најпознатите германски, италијански и швајцарски производители. Целокупниот процес на производство е автоматизиран, а  капацитет е 200 000 вегански кроасани и суви колачи на ден. Со ова фабриката се издвојува како најголемиот капацитет за производство на кроасани во Европа, и единствени вегански трајни кроасани. Во фабриката се имплементирани ХАСАП системот за безбедна храна, Халал и ИФС стандардите. Извесува во: Србија, Косово, Бугарија, Чешка, Унгарија,Италија, Шведска, Австралија  и други.

„Кадино“

Кадино Индустри Груп е семејна компанија со 30 годишна традиција. Во последните 10 години компанијата е сопственик е  два бренда, Мелница Кадино и World Wide Bakers. Компанијата во 2006 година одлучи да направи модернизација на постоечкиот погон за производство на мелнички производи, брашна и специјални видови брашна, да инвестира во погон за брзо замрзнати филувани пити и лабораторија за испитување на хемиски и физички особини на брашната и пченицата која е една од најсовремените во земјава и на Балканот.

Досега компанијата ни еднаш не учествувала на државен тендер за продажба на своите производи туку строго работи само со приватниот сектор. Моментално компанијата пласира свои производи во Македонија, Словенија, Швајцарија и САД. Поголемиот дел од производството сепак е наменет за домашен пазар  со  тенденција за зголемување на извозот.

„Пекабеско“

„Пекабеско“ е една од водечките македонски компании за производство на сувомеснати производи, дистрибуција на хранаи цигари. Примарната дејност на Пекабеско е составена од три сегмента; производство на сувомеснати производи, дистрибуција на различни брендови прехрамбени производи и дистрибуција на цигари.
„Пекабеско“ ги дистрибуира следниве брендови, „Dijamnat“ масло за јадење, маргарини и мајонези, „Звијезда“-маргарини и масла за јадење, „Хопла“-слатка павлака, „Есва“-замрзната риба, TDR-rovinj -цигари.
Компанијата во 1998 година започна со производство на сувомеснати производи под брендот „Пекабеско“. Денес палетата на сувомеснати производи опфаќа најразлични видови трајни, димени и полутрајни сувомеснати производи.

„Пекабеско“ поседува ладилник со капацитет од 1000 тони и друг складишен простор од 1000 тони. Исто така поседува 70 најразлични доставни возила којшто ги користи во дистрибуцијата на храна. Во оваа компанија работат 307 лица од најразлични профили.