Азески во посета на компаниите во Кадино и во Марино

Посетата ќе запoчне во Гранд-експорт, ќе продолжи во Пекабеско и Кадино Индустри Груп.

Компании во прехранбената индустрија ќе бидат цел на разговорите за актуелната ситуација предизвикана од мулти кризата како потврда на активностите што СКСМ ги презема изминатата недела на планот на креирањето мерки за соочување со проблемите на реалниот сектор.

Неспорна е констатацијата дека цената на суровините, високата цена на енергенсите, јавните набавки и ликвидноста се се` повеќе проблем на македонските компании, предизвикани од неизвесноста дома и на странските пазари.

СКСМ како најстара и најбројна бизнис-асоцикација е секогаш со своите членки кога е најтешко, како што беше финансиската криза во 2008 год, здравствената криза во 2020 година и енергетската криза минатата година.

За да се има реална слика што се случува во бизнисот мора да се има дневна комуникација, директни посети, еснафско организирање и тесна соработка со Владата и сите надлежни институции, како би можеле да поминеме со помали последици.