„Шестка“ на Борусија Д, Келн првпат по 32 години двапати славеше во локалното дерби

Во последниот дуел од саботната програма на 30-то коло од германското фудбалско првенство Келн ја оствари една од најважните победи сезонава, откако на гостувањето ја порази Борусија Менхенгладбах со 3:1.

Со тоа Келн првпат во последните 32 годни двапати во една сезона го победи најголемиот локален ривал, откако во првиот дел од сезоната ја победи дома Борусија од Менхенгладбах со 4:1.

Гостите ја завршија работата уште во првиот дел, кога остварија висока предност од 3:0 со головите на Антони Модесте во 5, Глориан Каинц во 20 и Дејан Љубичиќ во 34 минута. Домашните успеаја само да го ублажат поразот во завршницата на дуелот со голот на Бреел Емболо во 85 минута.

Келн во моментов се искачи на шестата позиција на табелата, кое води во Еропската конференциска лига следната сезона, со 44 бодови, два повеќе од Хофенхајм и Унион Берлин кои имаат по натпревар помалку. Борусија Менхенгладбах е 11-та со 37 бодови, далеку од опасната зона но испушти можност со победа да се вмеша во борбата за европските купови.

Претходно во саботата Борусија Дортмунд со 6:1 го демонтиршае Волфсбург, со одличното прво полувреме во кое постигна пет погодоци преку пет различни стрелци.

„Милионерите“ ги постигнаа петте голови во распон од само 14 минута, од 24 до 38 минута. Мрежата на Волфсбург во тој дел ја тресеа Том Роте во 23, Аксел Витсел во 26, Мануел Акањи во 28, Емре Чан во 34 и Ерлин Халанд во 38 минута. Младиот Норвежанец уште еднаш се впиша меѓу стрелците во 54 минута, а гостите дури во 81 минута преку Ридле Баку во 81 минута го ублажија дебаклот.

Со победата Борусја Дормунд се зацврсти на втората позицја со 63 бодови, шест помалку од водечкиот Баерн Минхен, но кој има и меч помалку. Волфсбург остана 13-ти со 34 бодови, шест повеќе од зоната на испаѓање.

До три бода дојде и Фрајбург кој со 3:0 го доби Бохум. Стрелци беа Лукас Киблер веќе во четвртата минутам а двоен стрелец беше оланд Салаи во 16 и 53 минута. Гостите од 68 минута играа без исклучениот Костас Стафилидис.

Фрајбург сега со 51 бод се зацврсти на петтото место, кое води во Лига Европа, а Бохум остана на 36 бодови и е на 12-то место.

Гостинска победа оствари Херта кај Аугсбург, а стрелец на единствениот и победнички погодок беше Суат Сердар во 49 минута. Херта сега со 29 бодови излезе од опасната зона и е 15-ти, но претпоследната 17-та Арминија има три бода помалку со меч помалку. Аугсбург, пак, остана 14-ти со 32 бодови.

Единствен дуел во саботата кој заврши без победник но и без голови беше дуелот Мајнц – Штутгарт. Мајнц е деветти со 39 бодови, а Штутгарт со 28 бодови е 16-ти, место од кое игра разигрување за опстанок во Бундеслигата.

Во недела минхенски Баерн ѝ гостува на Арминија, Хофенхајм го пречекува последниот Гројтер Фирт, а Унион Берлин ќе му биде домаќин на Анјтрахт Франкфурт.