
Челзи имаше доста среќа во првиот дел против Кристал Палас и еднаш дирекот беше сојузник на Менди, но фаворитот успеа да се прибере во продолжение и закажа спектакуларно финале на „Вембли“ во ФА Купот.
Во второто полуфинале кое денеска се одигра во Лондон, се уште актуелниот европски првак оствари победа над Кристал Палас со два гола во вториот дел, кои беа доволни за нова финална пресметка против Ливерпул.
Лофтус Чик го отвори резултатот откако еден отпадок заврши на неговата десна нога, додека триумфот го потврди Мејсон Маунт по една одлична комбинација со Тимо Вернер.
Челзи на овој начин се пласираше во второто куп финале оваа сезона, но првото веќе го загуби од Ливерпул на пенали во Карабао Купот.
Избраниците на Томас Тухел ќе имаат шанса за реванш во ФА Купот, натпреварување во кое стигнаа до финалето трета година во низа.