ПСЖ го доби минимално дербито со Марсеј

Во големото дерби на францускиот фудбал, во неделата во рамките од 32-то првенствено коло моментално водечкиот Пари Сен Жермен со 2:1 го совлада второпласираниот Олимпик Марсеј.

На парискиот фудбалски храм „Паркот на принцовите“, домашните поведоа со голот на Нејмар во 17 минтуа. Но Марсеј израмни во 31 минута преку Дује Ќалета-Цар откако голманот Џанлиџи Донарума погрешно го процени летот на топката, а хрватскиот интернационалец со глава меѓу тројца домашни играчи ја погоди мрежата. Сепак, битката за престиж ја доибија парижаните откако во четвртата минута од судиското продолжение на првиот дел погоди Килиан Мбапе.

ПСЖ со оваа победа се чини ја обезбеди титулата, бидејќи на шест кола пред крајот со 74 бодови, има разлија од 15 бодови пред Олимпик Марсеј.

Претходно во неделата Олимпик Лион на домашен терен го декласираше со 6:1 Бордо. Двојни стрелци за домашните беа Миса Дембеле во 20 и 91 и Карл Токо Екамби во 27 и 68 минута, а по еднаш стрелаа Лукас Пакуета во 34 и Ромен Февр во 46 минута, додека поразот на гостите го ублажи Секу Мара од пенал во 85 минута.

Лион сега има 49 бодови и е осми на табеалата, а Бордо е претпоследен 19-ти со 26 бодови, три помалку од позицијаа од која се разигрува за опстанок.

Во дебито на дното Мец и Клермон со резултат 1:1 го поделија бодовите. Домашните поведоа во 24 минута преку Николас де Превил а во 37 минута израмни Жодел Досу. Мец во 40 минута остана без исклучениот Ибраима Ниане а двете екипи до крајот не успеаја да се изборат за другите два бода.

Мец е последен 20-ти со 24 бодови, а Клермон е 18-ти со 29 бодови, бод помалку од зоната која обезбедува опстанок во лигата.

Монпелје и Ремс одиграа без голови, па домашните сега се 11-ти со 42 бода, а гостите со 37 бодови се 13-ти.

Со по еден погодок од пенал ремизираа (1:1) Троа и Стразбур. За гостите удар од белата точка реализираше во 56 минута Абиб Диало, а во 85 минута на идентичен начин возврати Флориан Тардју.

Троа е на 15-то место со 33 бодови, а Стразбур се израмни бодовно со Монако (53 бодови) но поради подобра гол разлија е петти и е на позицијата којашто води во Европската конференциска лига следната сезона.

Идентични 1:1 беа постигнати и во дуелот на Нант и Анже. И тука гостите поведоа во 18 минута преку Софиан Буфал, а домашните израмнија во 53 минута преку Калифа Кулибали.

Нант моментално е десетти со 47 бодови, а Анже е 14-ти со 34 бодови.

Во првиот неделен натпревар Ница на домашен терен во завршницата успеа да го совлада со 2:1 Лориен. Анди Делор во 54 минута од пенал ги доведе гостите во водство, израмни во 61 минута Арман Лориенте, а победникот го реши Делор со својот втор гол на мечот во 88 минута.

Ница е четвртопласирана со 54 бодови, од каде директно оди во фазата по групи во Лига Европа, а Лориен е 16-ти со 31 бод, пет повеќе од зоната на испаѓање.