
Атлетико Мадрид се изнамачи за да ги освои трите бода против Еспањол, односно мораше да чека зелено светло од ВАР собата за да добие шанса за победа во 100-та минута.
Иако судиското продолжение изнесуваше пет минути, во последната акција еден играч на Еспањол играше со рака, па по прегледот на видео снимката, судијата Васкез покажа на белата точка.
Одговорноста ја презема играчот кој го постигна и првиот гол за Атлетико, па така тој се претвори и во херој за својот тим со оглед на тоа што успешно го изведе пеналот.
Јаник Караско погоди за 1:0 во 52-та минута, но ја прифати најтешката задача во 100-та минута и мирно го совлада искусниот Лопез за победа од 2:1 која предизвика експлозија на трибините на „Ванда“.
По овој прекин, Еспањол израмни на 1:1, но стрелецот на голот Де Томас можеше слободно да му се заблагодари на Облак кој имаше почетничка реакција и режираше кикс несвојствен за него.