Анкетите покажуваат дека Макрон ќе победи во вториот круг од претседателските избори во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе победи во вториот круг од претседателските избори со 56 отсто од гласовите, покажуваат денеска објавените анкети.

Според резултатите од анкетата што ја спроведе Ипсос-Сопра Стериа за потребите на неколку француски медиуми, противкандидатката Марин Ле Пен во вториот круг би освоила 44 отсто од гласовите.

Истражувањето е спроведено од 15 до 18 април на примерок од 1.682 испитаници на возраст над 18 години, се дознава од интѕернет страницатана Ипсос- Сопра Стерија.