
Данкан Робинсон од клупата за резервни играчи впиша 27 поени а Џими Батлер 21 кош во победата на Мајами Хит од 115:91, во првиот натпревар од првото коло на доигрувањето во Источната конференција на НБА лигата против гистинските Атланта Хокс.
Водечката екипа на Истокот, Мајами лесно славеше во првиот дел од серијата до четири победи, а клучен беше шутот за три поени, елемент во кој Хит имаа 18 погодици од 38 обиди, при што одличниот Робинсон погоди 8 од своите 9 обиди за „тројка“, како и ПиЏеј Такер, кои постиган 16 поени а имаше 4 од 4 за „тројка“. Кајл Лоури впиша 10 поени и 9 асистенции за Мајами, кои забележаа само четири офанзивни скокови.
Мајами тотални ја парализираше првата ѕвезда на Атланта, Треј Јанг на само 8 коша, иако не играше во последната четвртина. Имаше шут од игра 1 од 13, не ги реализираше сите свои 7 обиди за „тројка“ и имаше 6 загубени топки, па Хокс беа предводени до Италијанецот Данило Галинари со 17 и Де’Андре Хантер со 14 поени.
Мајами играа првпат по пауза од една седмица, а Атланта играа „плеј-ин“, домашен меч против Шарлот Хорнетс во средата и гостински кај Кливленд Кавалирс во петокот.
Вториот меч од оваа серија се игра во вторник вечерта, исто така, во Мајами.