
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини Украина и неименувана земја на Европска унија доцна во неделата за пласирање лажни дојави за поставени бомби во патничките авиони на српската воздухопловна компанија „Air Serbia“.
Од почетокот на руско-украинската војна кон крајот на февраури повеќе од дванаесет летови на „Air Serbia“ биле присилени да се вратат во Белград или во Москва поради закани со бомби, а белградскиот аеродром „Никола Тесла“ била евакуирана најмалку трипати.
„Тоа го прават странските (разузнавачки) служби две земји. Едната е земја во ЕУ, а другата е Украина“, рече Вучиќ.
Србија, којашто е речиси целосно зависна од рускиот гас и нафта, со премолчено одобрување на ЕУ не воведува санкции против Русија и одржува редовни летови кон Москва.
Вучиќ во интервјуто за телевизијата Пинк, рече дека Србија тоа го прави „од принципи“.
„Тие летови ги продолжуваме од принципи, бидејќи сакаме да покажеме дека сме слободна земја и дека самите ги носиме одлуките“, рече меѓу другото српскиот претседател.
Вучиќ рече дека во неделата повторно било дојавено дека во авион на „Air Serbia“, додека бил во воздушниот простор на Словачка, се наоѓа бомба, но пилотот го продолжил летото бидејќи „знае дека дојавата е лажна“.
Србија не воведе санкции против Русија, но гласаше за небврзувачкаа резолуција во Обединетите нации со која се осудува инвазијата во Украина и за суспендирање од Советот за човекови права при ОН.