Кинеско-руската соработка е „отпорна“, порачаа од Пекинг

Кина ѝ потврдила на Русија дека со неа и натаму ќа ја јакне „стратешката соработка“, без оглед на меѓународната нестабилност, соопшти во вторникот кинеското министерство за надворешни работи.

Заменикот на кинескиот министер за надворешни работи Ле Јученг му го потврдил тоа на рускиот амбасадор во Пекинг, Андреј Денисов во понеделникот, се наведува во објавата на министерството.

Ле го навел фактот за зголемување од 30 отсто во кинеско-руската трговија во првите три месеца од годинава, како доказ за „отпорноста и ендогените сили“ на соработката меѓу двете земји во контекстот на меѓународната ситуација во врска со руско-украинската војна.