Обвинението за кое СДСМ правеше пиар за малата Тамара е повлечено

Обвинителството донесе одлука да престане судското гонење на поранешните директори на Фондот за здравство за девојчето Тамара Димовска од Велес, дознавата Телма.

Обвинението против директорите од тоа време Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази е повлечено во вторникот, како и тоа против претседателката на Управниот одбор на фондот во тоа време, Елена Трпковска.

За другите девет доктори коишто биле дел од комисии во Фондот кои одлучувале за лекување во странство наместо за несовесно работење во службата, Обвинителството решило да ги гони за дело од член 86 б став 2 во врска со став 1, од Законот за здравствено осигурување. Со ова преиначување, делото застарува и Кривичниот суд има само една опција – да го затвори предметот, пишува Телма.

Осумгодишната Тамара почина во 2015 година додека за неа се водеше процедура да и биде одобрена операција во странство. Операцијата не можеше да се изведе во Македонија и затоа се водеше постапка девојчето да се лекува во некоја странска болница на држвна сметка.

Кривичната пријава по смртта на Тамара ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права со мајката на Тамара, Жаклина Димовска, а со неа опфатен беше и тогашниот министер за здравство Никола Тодоров.

И покрај своевремените укажувања дека постапката била водена во согласност процедурите, оваа трагедија беше искористена од тогаш опозицискиот СДСМ за некрофилска кампања против владејачката ВМРО-ДПМНЕ, и особено тогашниот министер Тодоров кој во медиумите наклонети на социјалдемократите го прогалсија за „главен виновник“.  Таквата кампања предизвика и еден насилен чин, кој за среќа заврши без настрадани, имено дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски, во 2017 година пукаше кон поранешниот минстер за здраство Никола Тодоров, за што подоцна Судскиот совет во Кривичен суд му определи седум години и шест месеци затвор.