
Вториот ден на Велигден – понеделник (25 април) според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информира Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честитаат големиот христијански празник Велигден.
Инаку за потсетување, исто така неработен ден е петок (22 април), но само за припадниците од православна вероисповед.