
Ова полнето пециво е многу вкусно, но и декоративно. Одлично е за време на празници и со чинија мезе ќе биде вистинско изненадување за вашето семејство!
Нека не ве лаже изгледот и не помислувајте дека е тешко да ја добиете оваа форма, бидејќи е многу е едноставно.
Потребни состојки за тестото:
120 мл. јогурт, 120 мл. млеко, 110 грама малку растително масло. (сончогледово, маслиново, масло од семки од грозје), 2 јајца (плус 1 жолчка), 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол, 500 грама брашно, 10 грама прашок за пециво.
Од овие состојки замесете тесто. Оставете го да отстои 5 минути додека го подготвувате филот.
Филот нека биде по ваш вкус (сирење, пиперка, магдонос). Замесете го тестото, па поделете го на 12 дела. Направете топчиња. Покријте ги со фолија додека ги филувате едно по едно, за да не се исушат.
Кога ќе ги наполните сите топки, со една изматена жолчка со лажица масло, премачкајте ги и извалкајте ги во сусам топчињата. Веднаш наредете ги на плех и печете на 180 степени околу 25 минути.