Руски командант ги соопшти целите на втората фаза од операциите во Украина

Руската армија во текот на втората фаза од, офанзивата којашто Москва ја нарекува „специјална воен операција“ во Украина, треба да воспостави целосна контрола над доминатно рускиот и рускојазичниот југоисточен украински регион Донбас, изјави во петокот заменикот-командант на рускиот Централен воен округ, генерал-мајорот Рустам Минекаев.

„Од почетокот на втората фаза (на борбените дејствија), којашто веќе започна пред два дена, една од задачите на руската армија е воспоставување целосна контрола над Донбас и Јужна Украина“, рекол генералот Минекаев на годишниот состанок на претставниците на наменската одбранбена индустрија во Свердловск.

Контролата на вооружените сили на Руската Федерација над Донбас, ќе овозможи да се создаде копнен коридор до Крим, истакнал командантот.

Црноморскиот полуостров Крим, каде што е историското седиште на руската Црноморска флота, по превратот во Киев во март 2014 година, со два референдума и со мнозинство од над 90 отсто изгласа прво враќање на самостојноста на регионот укината со осамостојувањето на Украина од поранешниот СССР и веднаш пото за присоединување кон Руската Федерација. Москва набрзи потоа изгласа прифање на Крим во составот на федерацијата, а Западот инсистира дека тоа е нелегална руска анексија на украинска територија.

„Контролата (над Донбас), освен што ќе обезбеди копнен коридор до Крим, исто така ќе овозможи и дејствување врз клучните објекти на украинските сили, пристаништата на Црното Море, преку кои се остваруваат испораките на земјоделските и металуршките производи во други земји“, изјави рускиот генерал.

Контролата на југот на Украина, продолжил Минекаев, ќе претставува уште еден слободен правец кон областа Приднестровје, каде што според негова оцена е забележано, исто така, непочитување на правата и угнетување на рускојазичното население.

Приднестровје, или Трансдњестрија, каде што главно живеат Руси, русофони и Украинци, во 1990 година, пред распадот на СССР се отцепи од советската република Молдавија, стравувајќи од тенденциите на оваа земја, каде што официјален јазик е романскиот – да се присоедини кон Романија. По две години избувна кусиот судир. Во војната која избувна во овој регион во 1992 година загинаа околу 1.500 лица. Оттогаш, практично Приденстровје е независно иако не е признато од ниедна држава, а меѓународната заедница го смета за составен дел од Молдавија, земја со 3,5 милиони жители меѓу Романија и Украина.

Рускиот баталјон со 400 припадници беше испратен по вооружениот конфликт од 1992 година меѓу Молдавија и Приднестровје, како дел од меѓународните мировни сили, во кои се вклучени и воени набљудувачи од Молдавија и од Украина.

Парламентот во Приднестровје кон средината на април 2014 година поднесе барање до рускиот парламент и претседателот на Руската Федерација да започнат процедура за признавање на независноста. Одлуката се заснова врз резултатите од референдумот од 2006 година кога дури 97 отсто од гласачите ја поддржале независноста на Придњестровје како и барањето за присоединување кон Русија.

„Судејќи според сѐ, сега војуваме со целиот свет, како што беше во Големата татковинска војна (Втората светска војна), кога цела Европа, целиост свет беше против нас. И сега е истото, тие никогаш не ја сакаа Русија“, додал генералот.

Минекаев истакнал дека е очигледна техничкате супериорност на руската армија над украинските вооружени сили како во копнените акции, така и на море и во воздухот.

„При нанесувањето удари, руските вооружени сили не трпат никавки загуби. Тоа најмногу го убива моралот на украинските војници. Супериорноста на руската армија стана очигледна“, рекол Минекаев и наспроти украинските и западните тврдења дека руските сили во Украина претрпеле неочкувано голем загуби во жива сила и воена опрема.