Русија ќе ги истражува информациите за британските SAS-овци во Украина

Претседателот на рускиот Истражен комитет, Александр Бастрикин порачал да се проучат информациите за распоредувањето на 20 британски диверзанти во Украина, пренесуваат во саботата руските медиуми повикувајќи се на соопштение за јавноста.

Податоците ќе бидат внимателно проверени. Истражниот комитет на Русија во рамките на своите надлежности ќе обезбеди континуирана потрага по лицата вклучени во поддршката на сегашниот нацистички режим во Киев, во саботерски активнисти на територијата на Украина и особено за тешките злосторства извршени врз цивили и припадници на руските вооружени сили“, го цитира агенцијата ТАСС соопштението.

Според повеќе медиумите, Велика Британија испратила дваесеттина припадници на својата Специјална воздухопловна служба (Special Air Service, SAS) за помош на украинските специјални служби во организирање диверзии на територијата на Украина, особено во областети кои се под контрола на проруските украински милиции или на руската војска, како и за инсценирање наводни злосторства за кои ќе биде обвинета Русија,

Истовремено во саботата портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова на својот Telegram канал обкјави дека „инструктори“ од Полска, Велија Британија, САД, Канада и други земји ги „напасуваат неонацистичките милитанти“ во Укриана.

Појаснува дека всушност не станува збор за инструктори, туку за припадници на разузнавачките служби на земји членки на НАТО.

Захарова притоа посочува дека поранешниот командант на полските сили, Валдемар Скржипчак, го обвини во медиумите британскиот премиер Борис Џонсон за откривање на доверливи информации на НАТО: Фактот дека 20 британски инструктори на SAS ги обучуваат украинските сили како да ги користат средствата добиени од НАТО во областа на запаниот украински град Лвов, бил доверлив и не смеело да се открива во јавноста, обвини Полјакот.

„Веќе долго време нема ништо тајно во врска со ова. Полските, британските, американските, канадските и други ‘инструктори“ долго време ги негуваат неонацистичките милитанти. И тие воопшто не се инструктори. Тоа се тајните служби на земји од НАТО. И не се десетици, туку стотици и илјадници. Ако ги нарекувате нештата со нивното вистинско име, тие учестуваат во управувањето со борбените дејствија во Украина“, додава Захарова.

Пред речиси две седмици влијателниот француски дневен весник Le Figaro објави припадници на елитните специјални сили од Обединетото Кралство и на САД се присутни во Украина од почетокот на непријателствата со Русија кон крајот на февруари. Ова тврдење го објави високиот меѓународен дописник на весникот Жорж Малбруно на денот кога британскиот премиер Борис Џонсон престојуваше во ненадејна посета на Киев. Британскиот челник, наводно, бил опкружен со припадниц од елитните сили SAS, иако ова тврдење не е официјално потврдено.

Единиците на SAS „се присутни во Украина од почетокот на војната, како и американските делти“, напиша Малбруно на Твитер, цитирајќи извор од француското разузнавање. Тој додаде дека, според изворот, Русија добро знаела за „тајната војна“ против нејзините војници што ја воделе странските командоси.

Британските медиуми претходно објавија дека десетици „пензионирани“ војници на SAS заминале или планирале да одат во Украина за да „придонесат со својата стручноста во извидување и противтенковска војна“ во полза на властите во Киев. Нивните услуги, наводно, биле платени од „земја во Европа, која допрва треба да биде именувана, преку приватна воена компанија“ наместо од британската влада, пишуваше тогаш британскиот таблоид The Daily Mirror.