
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш следната недела ќе ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, по што ќе замине за Украина на разговори со претседателот Володомир Зеленски.
Гутереш во вторник заминува за Москва за да се сретне со Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави портпаролката Ери Канеко во Њујорк.
„Тoj се надева дека ќе се разговара за начините за итно постигнување мир“, рече Канеко.
Во четврток ќе се сретне со Зеленски, министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба и персоналот на ОН за да разговараат за зголемување на хуманитарната помош, се вели во соопштението од канцеларијата на портпаролката на ОН.
Гутереш ги покани со посебни писма лидерите на двете земји на средба, кои ги проследи до постојаните мисии на ОН на тие земји.
Гутереш во вторникот повика да се прекине огнот за православниот Велигден почнувајќи од четврток за да им се овозможи на цивилите безбедно да излезат од областите погодени од конфликтот и за да се достави хуманитарна помош во погодените области.
„Генералниот секретар не е разочаран што нема одговор на неговиот повик, туку дека не е постигнато примирје, цивилите немаат начин да ги напуштат опколените области, а помошта што ОН и партнерите се подготвени да ја достават не може да стигне до луѓето во тие области“, рече Канеко вчера.
Нападот на Москва врз Украина, во кој загинаа и се повредени илјадници, е најголемиот напад во Европа од 1945 година. Денес на повеќе од 12 милиони луѓе во Украина им е потребна хуманитарна помош, рече Гутереш.