
Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случи во 18 часот и 31 минути со Рихтерова локална магнитуда ML4.2 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Делчево, Берово, Пехчево и околината.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана оа, денес 25.04.2022 година регистрираше земјотрес 120 km југоисточно од Скопје кој потекнува од пограничното епицентрално подрачје Пехчево-Кресна.