
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден (25.04) е санкциониран И.А. (68) од с. Чегране, Гостивар.
Гостиварецот со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје, а фотографиите се појавија на социјалните мрежи.
-Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола, велат од МВР.