
Севернокорејскиот водач Ким Џон Ун вети дека ќе ја зајакне програмата на нуклеарна оружје во говорот на воената парада во Пјонгјанг, известија во државните медиуми во вторникот.
„Ќе продолжиме да ги презамаме чекорите за јакнење и развој на нуклеарните способност на нашата земја со најбрзо темпо“, рекол Ким кого го цитира Корејската централна новинска агенција (KCNA).
Агенцијата објави дека Ким го одржал говорот во понеделникот навечер на парадата по повод 90-годишнината од основањето на Корејската нардона револуционерна армија на плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг.
Северна Кореја е под острите меѓународни санкции поради нејзината нуклеарна и ракетна програма.
Ким понеделникот рекол дека нуклеарното оружје во Северна Кореја е „симбол на национална моќ“ и дека земјата „натаму ќе јакне и ќе ги развие нашите нуклеарни сили со најголема можна брзина“.
Пјонгјанг од почетокот на годинава изведе повеќе тестирања на нови видови оружја, вклучително и лансирање на, како што тврдеше хиперсоничен проектил, како и интерконтинентална бластичка ракета со целосен дострел, првпат по самонаметнатиот мораториум во 2017 година.
Иако примарната улога на нуклеарното оружје на Северна Кореја беше одвраќањето американски напад, тоа „не може да биде врзано само за една мисија“, рекол Ким во своето обраќање.
„Ако која и да е сила се обиде да ги узурпира основните интереси на нашата земја, нашите нуклеарни сили нема да имаат друг избор туку неочекувано да ја извршат својата втора мисија“, рекол Ким.
Според извештајот на KCNA на парадата било прикажано „најсофистицираното вооружување“ на Северна Кореја, вклучително и ракетаа „Хвасонг-17“ која била наводно успешна тестирана на 24-ти март.