Беспилотно летало соборено во близина на голем руски град

Според регионалниот гувернер, надгледувачко беспилотно летало било соборено, рано во средата, од руската противвоздушна одбрана надвор од градот Воронеж, длабоко во руската територија и на околу 250 километри од украинската граница.

Градот има население од над еден милион луѓе и е главен стратешки центар.

„Системите за противвоздушна одбрана открија и успешно уништија извидувачки летало со мала големина на небото кај Воронеж“, напиша Александар Гушев на Телеграм.

Тој даде уверување дека „нема закана по животот и здравјето на жителите на регионот“.

Гувернерот не го прецизираше потеклото на дронот, но некои делови од регионот Воронеж се во зголемена терористичка готовност од 11 април поради можна акција од Украина.

 

Во понеделникот, два беспилотни летала со кои очигледно управува Киев беа соборени во блискиот регион Курск, од кои едниот беше беспилотно летало Бајрактар ​​од турско производство, според локалните медиуми.

Од почетокот на руската воена операција во Украина, бројни населби во југозападните региони на Русија Белгород, Брјанск и Курск се погодени од украинска страна. Сепак, регионот Воронеж е во голема мера поштеден од такви напади.

Исто така во средата, серија експлозии потресоа складиште за муниција јужно од Белгород. Ова уследи по гранатирањето на три села во истиот регион еден ден претходно.