Индонезија ја ангажира морнарицата за блокирање на извозот на палмино масло

Индонезија во средата ја прошири забраната за извоз на суровни за производство на сирови и рафинирано палмино масло за јадење, ангажирајќи ги воената морнарица и разузнавачките служби за спроведување на мерката којашто треба да го заузда остриот скок на цената на овој продукт.

Министерот за економија Аирланга Хартарто објави во вторникот дека би требало да биде забранет извозот на рафинираниот, избелен и дезодориран (RBD) палмин олеин, кој се прозиведува со преработка на иситнети маслодајни плодови на палма.

Аналитичарите проценуваат дека олеоинот сочинува 40 отсто од индонезискиот извоз на производи од палмово масло.

Во средата министерството објави дека забраната ја проширува и на сировото и на рафираното палмино масло. Промената е во согласност со одлуката на претседателот и ги зема предвид повратните информации и мислењата на граѓаните, истакна министерот Хартарто.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави во посебна писмена изјава дека потребата на граѓаните за ценовно прифатлива храна во моментов има приоритет во однос на стравувањата од губење на приходите.

„Откако домашните потребни ќе бидат подмирени, секако, ќе ја укинам забраната за изовозот, бидејќи знам дека на земјата ѝ се потребни даноците… девизи… и вишок во трговскиот биланс, но подмирувањето на основните потреби на луѓето сега има приоритет“, истакна индонозескиот претседател Видодо.

Забранта ќе остане на сила сѐ додека цените на палминото масло не падне на 14.000 индонезиски рупии (97,2 американски центи) за литар, рече министерот Хартот.

Во главниот град Џакарта литар масло за јадење од палма во средата чинеше од 19.000 до 20.000 рупии (1,32 до 1,39 долари), а во другите региони можеби и повеќе, изјавил функционер во здружението на трогвците Рајналди Сариџован.

Забраната за извозот стапува на сила во средата вечерта по локално време, а морнарицата и другите државни агенции добиле налог да ги засилат патролите во индонезиските територијални води за да осигураат нејзино спроведување, изјави портпаролот на морнарицата Јулиус Видџоџоно.

Цената на палмовото масло порасна во средата во терминските договори на малезиската берза за 9,8 отсто, бидејќи пазарот стравува дека извозниците од Индонезија, најголемиот светски произведувач на палмино масло, нема да може да ги натовари своите произвиди на бродовите пред забраната да стапи на сила.

Индонезиските ограничувања дополнително ги подигнаа и онака високите цени на растителните прехранбени масла на глобалните пазари во периодот на намалување на понудата поради сушата и руско-украинската војна, бидејќи и двете земји се големи пороизведувачи на сончогледово масло.

На американскиот пазар цената на маслото од соја порасна по проширените индонезиски забрани за извозот за 4 отсто, достигнувајќи рекордно ниво.