
Мадона раскина со своето неколку децении помладо момче Ахламалик Вилијамс, со кого беше во врска повеќе од три години. Шеесет и тригодишната кралица на попот и 28-годишниот танчар се запознаа во 2015 кога тој настапуваше на нејзината турнеја, но првпат се појавија заедно во јавност во 2019.
„Мадона има пренатрупан распоред: работи на нејзиниот биографски филм, нова музика и се грижи за семејството. Врската со Ахламалик веќе некое време не беше стабилна и сега одлучија да се разделат“, изјави извор близок до двојката.
Мадона досега беше во брак со актерот Шон Пен и со режисерот Гај Ричи, од кого се разведе во 2008 година и притоа му исплати 92 милиони долари.