Путин: Западот ги третира Украинците како потрошен матерјал, Русија секавично ќе одговори на секое мешање

Западот на украинскиот народ му ја предодреди улогата на потрошен народ, и тие веќе го сфаќаат тоа, оцени во средата рускиот претседател Владимир Путин кој на 24-ти февруари нареди руска воена интервенција во Украина, со образложение дека се спречува обид за истребување на руското и рускојазичното мнозинско население во источните региони на соседната земја.

„На украинскиот народ му ја предодредија судбината на потрошен материјал. Мислам дека доаѓа до осознавње на тоа кај голем дел од народот на Украина“, рече Путин.

Истовремено рускиот претседател предупреди дека Москва молскавично ќе реагира доколку некој надворешен фактор се обиде да интервенира во ситуацијата во Украина.

„Доколку некој има намера да интервенира во сегашните настани однадвор и да создаде неприфатливи стратешки закани за Русија, треба да знае дека нашите одговори ќе бидат молскавично брзо“, рече Путин на средбата со членовите на Советот на законодавците.

Путин нагласил дека за таквото сценарио веќе зборувал „на самиот почеток на специјалната воена операција“ во Украина, и оти сега повторно се навраќа на тоа прашање. Притоа уверил дека Русија поседува средства за можен одговор кои не ги поседуват нејзините противници, веројатно алудирајќи на хиперсоничните проектили и неодамна тестираниот интерконтинентален балистички проектил „Сармат“.

„Ги имаме сите средства за тоа: оние со коишто никој не може да се пофали во моментов. Ќе ги користиме доколку е потребно. И сакам сите тоа да го знаат. Донесени се сите одлуки за тоа“, порачал Путин.

Притоа нагласил дека Русија ќе ги постигне сите поставени цели во текот на нејзината офанзива во Украина.

„Нашите војници и офицери, милициите во Донбас херојски ги исполнуваат своите должности. Сите поставени задачи ќе бидат исполнети“, уверил Путин.

Оцени и дека Западот шекулирајќи со проблемите од руското минато, сака Русија да ја стера во ќош.

„Тие шпекулираа со проблемите од нашето минато, со навистина проблематичните прашања, за неправдите од минатот кон цели народи, вклучително и народите од Кавказот. Но тоа го правеа не за да нѐ направат подобри, напротив, туко за да ги пренесат проблемите од минатото во нашиот денешен живот, за да поттикна сепаратистички чувства во нашата земја, за да ја распарчат и уништат. И, на крајот, да не стераат во кош“, рекол Путин, кого го цитира агенцијата РИА.

Истакнал дека некои западни земји отсекогаш се обидувале тоа да го реализираат во Русија.

„Тие не ги постигнаа своите цели, но не го прифаќаат фактот дека не успеаја. Не се помирија со тоа и покрај налетот, тогаш успеавме да преживеаме. Затоа подоцна преземаа масивни подготовки за економска војна против Русија. Чекор по чекор, користејќи секакви изговори, а понекогаш и без никакви изговори, тие воведоа сѐ повеќе и повеќе нови санкции“, оцени Путин.