
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по Полска и Бугарија, би можела да ја стопира испораката на гас и за другите европски купувачи ако и тие одбијат да плаќаат во рубљи.
Според Песков, руското барање за плаќање на гасот во рубљи е резултат на западните санкции односно на замрзнувањето на рускиот имот.
– Западот го украде имотот на Русија во непријателска акција без преседан – посочи Песков.
Тој додаде дека одбивањето да се плаќа во рубљи ја одразува желбата на Западот „да ја казни Русија по секоја цена, на штета на сопствените потрошувачи, даночните обврзници и производителите“.
Според Песков стопирањето на доставата на гас на Бугарија и на Полска не претставува уцена.
– Русија и понатаму е сигурен снабдувач со енергенси ресурси и ги почитува договорените обврски – наведе Песков, додавајќи дека барањето за плаќање во рубљи е чисто техничко и оти не се менува цената и другите услови од договорот.