
Советот за безбедност не успеа да оди доволно далеку во своите напори да ја „спречи и стави крај“ руската војна во Украина, нагласи денеска генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш при посетата на Киев.
„Да бидам многу јасен: Советот за безбедност не направи се што е во негова моќ за да ја спречи и стави крај на оваа војна. И ова е извор на големо разочарување, фрустрација и гнев“, рече тој на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.