
Најмалку 22.800 руски војници досега се убиени во Украина, соопшти денеска украинската војска.
Додека украинскиот Генералштаб наведе дека украинските сили уништиле 970 руски тенкови, 2.389 оклопни возила, 431 артилериски систем и 151 повеќекратен ракетен систем.
Украинската армија тврди дека се уништени 187 авиони, 155 хеликоптери, 71 систем за противвоздушна одбрана, 1.688 возила, осум бродови, лесен глисер, 76 возила со гориво и 215 беспилотни летала.
Во соопштението се наведува дека руската армија во изминатите 24 часа загубила 400 војници.
Според Обединети нации најмалку 2.787 цивили се убиени, а 3.152 се повредени во Украина од почетокот на руската инвазија, што почна на 24 февруари. Досега, 7,7 милиони луѓе во Украина се внатрешно раселени, а повеќе од 5,3 милиони избегаа во други земји.