
Вечерва по повод Рамазан организирав ифтарска вечера за вработените во општина Бутел и моите пријатели, информира градоначалникотна општина Бутел Дарко Костовски.
-Особено ме радува моментот што за прв пат од како е основана општина Бутел се организира ифтар. Чесниот пристап, искрената намера и меѓусебното почитување не прави многу побогати луѓе !
Соживотот не смее да претставува парола туку реалност која се манифестира во реализација на проекти кој ќе го подобрат живот на сите.
Негување на соживотот и рамномерен развој на нашата општина е приоритет за нас.
Им посакувам пријатни рамазански пости и одбележување на празникот Рамазан.
Големо благодарам за сите кои вечерва присуствуваа на оваа вечера, да сте здрави и живи!, пишува Костовски на Фејсбук.