
По трите пораза во сите натпреваривања на својот „Камп Ноу“, фудбалерите на Барселона во неделата вечерта со 2:1 ја совладаа Мајорка во рамките на 34-то коло од шпанското првенство.
Победата на Барса можеше да биде и поуверлива, но два погодока на домашните беа поништени, за водство во 20 и за зголемување на 3:0 во 73 минута, поради ситни недозволени позиици на нејзините напаѓчи Араухо односно Феран Торес.
Каталонците дојдоа во водство во 25 минута, кога противничкиот гол од волеј го погодеи Мемфис Депај, на одличната длабинска топка упатена од Жорди Алба. Водството беше удвоено во 54 минута кога капитенот Серхио Бускетс собра една одбиена топка на работ од шеснаесетникот и мирно ја испрати во аголот од голот на Мајорка, којашто до крајот успеа во 79 минута да намали на 1:2 преку Антонио Хозе Рауло Аренас.
Барселона се врати на второто место на табелата со 66 бодови, два повеќе од третопласираната Севилја, и пет од четвртиот Атлетико Мадрид. Реал Мадрид одамна ја обезбеди титулата со недостижна предност има 81 бод.
Мајорка остана 16-та со 32 бодови, само еден повеќе од 18-та Гранада која е на најблиското место кое води во Сегунда.
Првите три од четирите неделни натпревари од 34 коло на Ла Лига завршија со поделба на бодовите и идентичен резултат 1:1.
Рајо Валјекано за кој на голот беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, на домашен терен одигра без победник со Реал Сосиедад. Гостите од Баскија поведоа со голот на Норвежанецот Александр Сорлот во 33 минута, а за домашните израмни колумбискиот ветеран Радамел Фалкао во 72 минута, кому тоа му беше првиот контакт со топката откако една минута претходно влезе во игра.
Реал Сосиедад со 56 бодови моментално е на шестата позиција која води во Европската конференциска лига, бод помалку од петтиот Реал Бетис кој има и меч помалку а позициција којашто води во Лига Европа, а пет бодови помалку од Атлетико Мадрид кој е четврти и го држи последното место кое води во Лигата на шампионите. Рајо Валјекано е 11-ти со 41 бод.
Осасуна поведе во 67 минута кога Анте Будимир реализираше пенал на гостувањето кај Елче за која бод спаси Пере Мила во 84 минута. Осасуна сега е 9-та со 45 бодови, а Елче е 13-ти со 39 бодови.
Со гол во судиското продолжение на мечот фудбалерите успеаја да освојат голем бод во борбата за опстанок, одигрувајќи на својот стадиот 1:1 против Селта Виго. Гостите поведоа во 72 минута по еден брз противнапад во кој Иаго Аспас изби сам пред домашниот гол и ја испрати топката во мрежата а во обидот тоа да го спречи домашниот играч Антониот Пуертас, но заедно со неа заврши зад гол-линијата. Домашните навивачи во втората минута од судиското продолжение ги израдува Луис Мила кој нафрлувањето на Мачис со петица го сврти во противничката мрежа.
Гранада моментално е на 18-т место со 31 бод, бод односно два зад Кадиз и Мајорка кои се на позициите коишто обезбедуваат опстанок во Примера.