
Во селото Слупчане попладнево започна церемонијата за откривање на 20-метарскиот споменик во чест на паднатите борци на таканаречената ОНА.
На настанот присуствуваат функционери од ДУИ, а во пресрет на церемонијата министерот за економија, Крешник Бектеши, објави и фотографија на личниот профил на Фејсбук, на која се гледа како со автомобил патува кон Слупчане, Општина Липково. Во негово друштво е и партискиот лидер Али Амети.
„Кон легендарното Липково“, напиша Бектеши.

Овој споменик е изграден за 200 000 евра, а негово подигнување изминативе денови беше честа тема во јавноста.
Министерството за транспорт и врски, наспроти тврдењата на локалните власти, негираше дека била побарана дозвола од нив, додека од Министерството за култура се оградија наведувајќи дека надлежноста според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, надлежни се Собранието или единиците за локална самоуправа.