ВИДЕО| Руски проектили уништиле хангари со странско оружје крај Одеса

Со удари нанесени со суперсонични крстосувачки ракети од типот „Оникс“ уништени се хангари во коишто било складирано странско оружје крај големиот црноморски пристанишен град Одеса, објави во понеделникот портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

На редовниот брифинг за новинарите во Москва, Конашенков појаснил дека руската војска го извела ракетниот напад врз логистички центар на воениот аеродром крај Одеса преку кој западните земји доставуваат вооружување за украинските сили во регионот.

„Уништени се хангари со беспилотни летала од типот ‘Bayraktar TB2’, како и ракетно вооружување и муниција добиени од САД и од европски земји“, изјавил портпарокот на руското министерство за одбрана кого го цитира агенцијата РИА:

Покрај тоа, додал Конашенков, ракети со висока прецизност истрелани од воздух погодиле шест украински воени објекти, меѓу кои и утврден команден центар на украинските сили, складиште за миниција во местото Слатино во Харковскиот регион на југоистокот на Украина, и четири области на концентрација на жива сила и опрема на украинската војска.

Ракетните сили на руската војска, според Конашенков, ги нападнале командните центри на 81-та воздушна бригада во обласата Долини и на 77-та бригада на територијалната одбрана во близина на Подоловка во регионот на Харков. Лансер на проектили од противвоздишниот ситем С-300, пак, бил уништен во областа Кулбакини, во Николаевскиот регион, на истокот на Украина каде што се концетрираат операциите и руските и проруските сили.

Во текот на изминатата ноќ кон понеделникот, руските единици на противвоздушната одбрана собориле ракета од типот „Точка-У“, два проектила од ситемите „Смерч“ и шест украински бесполотни летала во областите Березовка крај Одеса, Боршчева и Чернешлина крај Харков, Барвинка крај Херсон и Михајловка во областа на Доњецк.

Конашенков додал дека оперативно-тактичката и руската воена авијација погодиле 69 упоришта, области на концентрација на живата сила и опрема, 54 огнени позции на украинската артилерија, 38 утврдени позиции и 195 места на концентрација на жива сила и воена опрема.

„Вкупно од почетокот на специјалната воена операција уништени се 146 авиони, 112 хеликоптери, 696 беспилотни летатал 286 противвоздушни ракетни системи, 2.783 тенкови и други видови оклопни борбени возила, 316 повеќецевни ракетни лансери, 1.255 теренски артилериски оружја и минофрлачи, како и 2.590 единици специјални воени возила“, додал Конашенков.