
Европската унија мора да помогне во извозот на стоки од Украина, што е во застој како резултат на руската агресија, изјави синоќа еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.
– Треба да помогнеме во извозот на стоки од Украина, рече Јохансон во дискусијата со европратениците за влијанието на руско-украинската војна врз транспортниот и туристичкиот сектор на ЕУ. – Треба да побараме од транспортниот сектор повторно да и помогне на Украина, додаде таа.
Украинските аеродроми не функционираат поради руската агресија, дел од брегот на Црното Море е окупиран од руската армија, а патниот транспорт е многу отежнат. Во тој контекст, Јохансон потсети дека ЕУ ќе биде посредник за склучување на молдавско-украинскиот договор за патен транспорт.