Руските војници влегле во „Азовстал“, објави украински пратеник

Руските сили влегле на територијата на големиот и утврден металурпшки комбинат „Азовстал“ крај стратешки важниот јужен пристанишен град Мариупол, изјави изјави шефот на пратеничката грипа на украинската владејачка партија Давид Арахамија во средата вечерта за Радио слободна Европа (Radio Liberty).

„Обидите за заземање на челичарницата продолжуваат втор ден, Руските сили веќе се на територијата на ‘Азовстал’“, го цитира RFE/RL пратеникот Арахамија.

Додаде дека во средата вечерта украинската влада е во контакт со украинските борци во челичарницата.

Претходно во средата украинскиот градоначалник на Мариупол, Вадим Бојченко, за националната телевизија изјави дека е загубен контактот со украинските борци во „Азовстал“ и дека наводно има повеќе од 30 деца меѓу оние коишто ја очекуваат евакуацијата. Додаде дека се водат тешки борби во областа на комплексот.

Според Бојченко, во челичарницата останале повеќе од 200 цивили, а во самиот град има уште 100.000 цивили.

Руското министерство за надворешни работи засега не се огласи во врска со наводите дека руските војници продреле во фабричкиот комплекс.

Претходно во средата министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека руските единици го контролираат стратешки важниот пристанишен и индустриски град Мариупол на југот на Украина на Азовското Море, со што се отсекува власта на Киев од Црното Море и руските сили го поврзуваат градот со териториите под руска контрила на југот и истокот, кои беа под контрила на проруските сили уште од пролетта 2014 година и превратот на власта во Киев.

Шојгу се осврнал на обидите да се убедат да ги ослободат цивилите и да го положат оружјето украинските паравоени формации составени од припадници на екстремнодесничарските движења блокирани во големиот утврден металуршки комбинат „Азовстал“ крај Мариупол. Рекол дека во согласност со упатствата на претседателот Владимир Путин, остатоците од украинските борци кои се наоѓаат во индустрискиот комплекс се сигурно блокирани од сите страни.