
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети се надева дека во јуни Северна Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ. Одговорајќи на новинарско прашање кој е планот Б ако не се добие датум во јуни, Ахмети денеска изјави дека тој не е од кампот на скептичните и оти се надева дека ова прашања ќе добие позитивен епилог.
– Има доволно активности, како од нашите пријатели од меѓународната заедница, но исто така мостовите на комуникација меѓу двете држави се функционални. Очекувам епилогот да биде позитивен – изјави Ахмети, при учеството на промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“ во Општина Чаир.