
Американскиот претседател Џо Бајден би требало подоцна во петокот по американско време или кон крајот на седмицата да одобри нов пакет оружје во вредност од најмалку 100 милиони долари за Украина, рекле четворица американски функционери за агенцијата Reuters.
САД на Украина ѝ доставиле оружје во вредност од 3,4 милијарди долари откако започна руската воена операција на 24-ти февраури, а вооружувањето вклучува хаубици, противвоздушни ракетни системи „Stinger“, притивоклопни ракетни системи „Javelin“, разни видови муниции, лично вооружување и заштитна опрема.
Покрај тоа, американската армија активно учествува со увежбување на украинските борци, сателитски и разузнавачки податоци, а со премолчено одобрување на Вашингтон се обезбедува и испраќање странски платеници преку американски воени приватни компании.
Четворицата фунцкионери, под услов да останат анонимни, за Reuters рекле дека следниот пакет веројатно ќе вклучува повеќе муниција за ракетните системи, како што се хаубивите. Од Пентагон рекле дека веќе се испорачани околу 184.000 парчиња артилериско муниција.
Официјалната објава на новиот пакет американска воена помош за Киев се очекува во рој од 24 часа, рекле двајца од соговорниците на агенцијата.
Новата пратка американски оружје би била исплатена од перостанатите 250 милиони долари, предвидени за посебните овластувања на претседателот Бајден, коишто му овозможуваат во вонредни ситуации да одобри пренесување на вишокот вооружување од американските складишта без согласност на Конгресот.
Претседатело Бајден пред април предложи пакет помош во износ од 33 милијарди долари за Украина, од што повеќе од 20 милијарди се однесуваат на вооружена помош.